Османи: 67 македонски државјани се вратени од Израел во Македонија!

t

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи на Фејсбук соопшти дека се сите македонски државјани кои побарале евакуација од загрозените подрачја во Израел се вратени во Република Македонија.

Македонија со истиот чартер лет врати дома и државјани на Албанија, Бугарија и Црна Гора.

– Со денешниот чартер лет од Тел Авив, кој беше организиран и платен од страна на Владата на Република Македонија, ги донесовме и преостанатите 67 наши државјани кои побараа асистенција за нивна евакуација од Израел.

На истиот лет, излеговме во пресрет и на нашите пријатели, обезбедувајќи трансфер и на седум албански, седум црногорски и три бугарски државјани. – напиша Османи на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел се подготвува за нови напади: Мобилни…

Израелските власти започнале со распоредување мобилни засолништа…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Бен-Гвир ќе бара екстрадиција во Израел на…

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир…