Основачот на Фондација Македонија се закани: Ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката!

t

И додека тројца шовинисти го претепаа нашиот брат во Охрид, Христијан Пендиков, ние ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката! Му посакуваме на нашиот брат брзо закрепнување. Денес очекуваме брза и адекватна реакција од Бугарија! Исто така, очекуваме реакција и од бугарското општество! Затоа што Бугарите во Северна Македонија ги претепуваат по улиците! Сакаме Северна Македонија бргу да ги уапси и да подигне обвиненија за тројцата напаѓачи, кои му нанесоа телесни повреди на Христијан – напиша на својот профил Виктор Стојанов, Бугарин кој е основач на Фондацијата Македонија.

Фондацијата е основана во април 2021 година, како што е објавено на официјалната страница, од Бугари во Бугарија, Македонија и Албанија, со цел населението во Бугарија и Македонија да биде едно општество во две држави.

На уредничкиот акт на фондацијата, кој е објавен на страницата www.foundationmacedonia.com, појаснето е дека е основана со сума од сто лева, донирани од страна на уредникот Виктор Стојанов.

-Фондација Македонија има за цел да спроведува постојани иницијативи со кои ќе се создадат трајни мостови помеѓу народот во двете држави, во областа на културата, образованието, науката, економијата, спорт, медицина, туризам и сите сфери од општествениот живот. Важно за да се постигне таа цел е фактот што општеството во двете држави беше еден народ до пред неколку децении, и може да има заедничка иднина во секоја сфера на општествениот живот – пишува на страницата на фондацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За пари, син со нож му се…

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против…

МВР со детали за аспењето на Георгиев:…

МВР ги соопшти деталите за апсењето на…

За Бајден скандалозно е барањето на Хаг…

Американскиот врв денеска излезе со остра осуда…

Како да испечете вкусен и крцкав леб…

Домашниот леб печен во тенџере стана сè…

Бараж за ВМФЛ: Победа налета на Куманово,…

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја извлече…