Основен суд Битола се налути: Јавноста да се воздржи од непроверени информации кои го нарушуваат угледот на судството

t

Основниот суд Битола соопшти дека целосно го почитува уставно и меѓународно гарантираното право на слобода на говор и информирање, како и правото на граѓаните да го изразат своето мислење за прашања и судски предмети од јавен интерес, но апелира до јавноста на воздржаност и точност при споделување информации.

Од судот наведуваат дека подолг период судиите се соочуваат со, како што велат, „неосновани, неаргументирани и законски неосновани напади“ од дел од јавноста, без разлика дали станува збор за новинари, граѓани или политички субјекти. Судот потенцира дека ваквите напади можат да наштетат на странките во постапките и да создадат искривена слика во јавноста.

Судот истакнува дека ширењето непроверени, невистинити или нецелосни информации ја поткопува довербата во судството и го нарушува интегритетот на судиите и вработените, кои, како што се наведува, вложуваат „натчовечки напори“ за навремена и квалитетна работа во услови на недостиг од кадар.

– Сите предмети во Основниот суд Битола се постапуваат професионално, одговорно и чесно, се додава во реакцијата.

Од Судот ги демантираат тврдењата што во последниот период се појавуваат во јавноста и кои ги оценуваат како „невистинити и пласирани од сомнителни извори“.

Во однос на граѓаните, судот упатува апел информациите што циркулираат во јавноста да се примаат со внимателност и проверка, бидејќи, како што велат, ширењето непотврдени тврдења доведува до дополнително нарушување на довербата во институцијата што треба да ги штити нивните човекови права.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…

Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…

Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…

Почина бизнисменот Огњан Циговски

По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…

Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…

Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…

Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…