Осомничениот за нападот врз девојката во Охрид имал 1,29 промили алкохол во крвта

t

Триесет и едногодишниот Кристијан Корабоски, осомничен за бруталниот напад врз 26-годишната девојка во Охрид, имал 1,29 промили алкохол во крвта, покажало алкотестирањето.

Според информациите, поради возење под дејство на алкохол против него ќе биде поднесена и дополнителна кривична пријава.

Од СВР Охрид потврдиле дека Корабоски управувал возило под дејство на алкохол во ноќта кога ја нападнал девојката. Поради тоа, против него ќе биде поднесена и кривична пријава за возење под дејство на алкохол.

Против 31-годишниот охриѓанец веќе е поднесена кривична пријава за тешка телесна повреда. Според полициските информации, нападот се случил на 15 ноември околу 2 часот по полноќ, по расправија која започнала во неговиот дом, а продолжила во автомобилот. Девојката била физички нападната, а откако го сопрел возилото, нападот продолжил и таа изгубила свест.

По барање на Обвинителството, судот му одреди мерки на претпазливост, меѓу кои забрана за приближување до девојката на помалку од 50 метри и одземање на пасошот.

Информацијата за измерените 1,29 промили ја потврди СВР Охрид по новинарско прашање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Насилникот НЕ ОДИ ВО ПРИТВОР, ОЈО побара,…

По барање на Основното јавно обвинителство во…

Ина МногуФина со осуда за насилникот што…

Објава на Фејсбук на Ина МногуФина по…

Барал нож да ја докрајчи, татко му…

Морничави детали од вчерашното насилство во Охрид…

15.000 потписи за електронски алки за насилниците…

Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…