Објавено на:

Осомничениот за прободувањето на навивачот во Чаир е во бегство

t

Осомниченото лице кое го прободе Бугаринотво Чаир во моментов е во бегство и полицијата трага по него.

Лицето за кое постои сомнение дека е директно одговорно за нанесување на тешката телесна повреда на бугарскиот државјанин е идентификувано, но се уште не е лишено од слобода и по него се трага. Обвинителството продолжува да презема дејствија за обезбедување докази со цел целосно расчистување на настанот“, информираа од Јавното обвинителство.

Оттаму посочуваат дека навивачите по вербална расправија со минувачи, навивачите излегле од автомобил при што дошло и до физичка пресметка.

„На 27 јули 2023 околу 18:30 часот на улица Цветан Димов, додека навивачите на ФК Левски се движеле со возила „хонда“ и „фолксваген пасат“ со развиорени навивачки знамиња и други навивачки реквизити, дошло до вербална расправија, по што тие излегле од возилата и настанала физичка пресметка, а еден од навивачите на ФК Левски откако се вратил во автомобилот, во движење бил повреден со остар предмет. Веднаш по настанот, од страна на полициски службеници од СВР Скопје во координација со обвинителството, беа преземени мерки и активности за утврдување на идентитетот на сторителите на кривичното дело насилство. Извршени се службени разговори со повеќе лица, а по документирање на доказите, на 28 јули лишени се од слобода А.Џ. (30), Н.С.(28), Б.Б.(32) и К.И.(28), кои се задржани во полициска станица. По извршена координација со ОЈО Скопје, денеска против овие лица е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело насилство и тие ќе бидат изнесени пред судија на претходна постапка“, информираат од МВР.

Обвинителството се сомнева дека уапсените на возраст од 28 до 32 години учествувале во физичка пресметка со навивачи на бугарскиот клуб Левски со што сториле кривично дело, „насилство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов инцидент со „Боинг“ – Авионот итно…

Од авионот на „Делта ерлајнс“ се „одвои“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…

Бугари уапсени во Грција поради измама со…

Семејство Бугари е уапсено во Грција поради…

(Видео) Мицкоски: Немаме, ниту имаме, ниту ќе…

Мицкоски немал, ниту има, ниту ќе има…

30-дневен притвор за едно лице по обидот…

На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…