Осомничен за производство на марихуана во Ајватовци, ОЈО Скопје поведе истрага

t

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека вршел кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори по член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 47-годишник, во дворот на куќата во селото Ајватовци, под фолија насадил и одгледувал осум растенија канабис. При претрес на 16 септември, полицијата пронашла пет растенија засадени во земја и три во кофи, во свежа состојба и со поединечна висина од 100-260 сантиметри.

Исто така, во собата во која спиел, тој направил комора – импровизирана просторија за сушење со метална конструкција, филтер за воздух и два вентилатори. Во неа во моментот на претресот сушел 7 грама наркотична дрога – марихуана.  Дополнително, на скалите во куќата полицијата пронашла сито со уште 17,4 грама марихуана.

Бидејќи постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство и на можност осомничениот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истрага за проневера и перење над 2,2…

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК, постапувајќи по…

Унгарија отвори кривична истрага за кредитот од…

Унгарските власти вчера соопштија дека отворија кривична…

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Истрага на Ковеши во Германија стигна и…

По барање на Европското јавно обвинителство во…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…