Објавено на:

Осомничен србин за воено злосторство уапсен во Македонија

t

Грчката полиција соопшти дека денеска уапсила српски државјанин кој Хрватска го бара за наводни воени злосторства во 1991 година.

Полицијата соопшти дека 59-годишникот, чие име не се соопштува, бил уапсен откако влегол во земјата од С. Македонија, на пат кон летувалиште во Северна Грција со сопругата и ќерката.

Уапсениот во Хрватска е обвинет за учество во акции што довеле до смрт на цивили од 19 август до 14 декември 1991 година во хрватските градови Вочин и Хум.

Тој изјавил дека бил припадник на југословенската војска, но негирал дека е виновен.

Српскиот државјанин ќе биде изведен пред јавниот обвинител во Солун, а тричлениот судски совет најверојатно следната недела ќе го разгледа барањето за екстрадиција во Хрватска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…

ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…

ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…