Останува закочен Законот за експлоатација на работници поради амандманите на Левица, велат од партијата
Предлог-законот со кој пратениците на ДУИ и СДС предлагаат прекувремена работа на работниците, во случаите кои се од национален и стратегиски интерес (како проектот „Бехтел и Енка“) повторно не е ставен на дневен ред, благодарение на блокадата на Левица, велат од партијата.
„Претседателот на собраниската комисија, Елми Азири, потврди дека нема да ја закаже седницата на Комисијата за работни односи, поради блокадата од Левица. Во духот на насилничкото владеење на хибридниот режим, Азири најави дека се бараат “механизми” за заобиколување на 1.111-те поднесени амандмани на пратениците од Левица. Овие амандмани беа поднесени со цел да спречиме легализација на феудалистичката експлоатација на македонскиот работник, предвиден со скандалозниот договор со „Бехтел и Eнка”, кој останува да биде таен за јавноста.
Азири воедно се закани дека бараат начин како оваа наша блокада да ја заобиколат преку шверц на предлог-измените со европско знаме! Доколку криминалната власт на СДС и ДУИ се обиде на ваков начин, „со европско знаменце“ да го прошверцуваат законот, по падот на овој криминален режим ќе одговараат кривично, бидејќи со промените директно се крши одредбата која минатата година беше укината од страна на Уставниот суд“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…
ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ „НВИДИА“: Директорот призна…
Извршниот директор на американскиот технолошки гигант „Нвидиа“,…
Брнабиќ предупреди на дестабилизација на Србија
Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана…