Објавено на:

Остар одговор од Песков до Кулеба: Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО!

t

Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО, тоа е заедничко море и мора да има неделива безбедност, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Црното Море никогаш нема да биде море на НАТО. Ова е заедничко море за сите крајбрежни држави, тоа треба да биде море на соработка, интеракција и безбедност. Освен тоа, тоа треба да биде неделива безбедност“, рече Песков, пренесува RT.

Тој нагласи дека оваа изјава се заснова на две противречности: НАТО и демилитаризацијата се меѓусебно исклучувачки концепти.

Да потсетиме дека украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба повика Црното Море да се претвори во „НАТО море“, истовремено наведувајќи ја потребата од негова демилитаризација.

„Дојде време да се претвори Црното Море во она што стана Балтичко Море – море на НАТО. Апелираме за демилитаризација на Црното Море за да можат мирните земји кои го почитуваат законот да го користат за трговија и патување“, рече Кулеба на конференцијата за безбедносни прашања на Црното Море во Букурешт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Иран и Русија планираат изградба на гасовод…

Иран планира во соработка со Русија да…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…