Објавено на:

Остар тон од Кина: САД да престане да клевети и да се меша во нашите внатрешнни работи

t

Кинескиот министер за одбрана Веи Фенге во својот говор посочи дека САД е таа што треба да ги подобри билатералните односи, бидејќи нивните односи се на клучен крстопат. Повторувајќи неколку пати на азискиот безбедносен состанок дека Кина бара само мир и стабилност и не е агресор, тој ги повика САД „да ја зајакнат солидарноста и да се спротивстават на конфликтите и поделбите“.

Тој се осврна на говорот на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и децидно ги отфрлил „американските богохулства, обвинувања, па дури и закани“.

– Бараме од американската страна да престане да ја клевети и да ја кочи Кина. Престанете да се мешате во внатрешните работи на Кина. Билатералните односи не можат да се подобрат доколку американската страна не ги подобри – истакна Фенге.

Американскиот секретар за одбрана, Остин претходно посочи дека има „алармантно“ зголемување на бројот на небезбедни и непрофесионални средби меѓу кинески авиони и бродови од други земји. Тој додаде дека САД ќе застанат на страната на своите сојузници, вклучително и Тајван.

– Која е основната причина за оваа криза? Кој е главниот актер зад ова? Кој губи најмногу? И кој ќе добие најмногу? Кој промовира мир и кој долева масло на огнот? Мислам дека сите го знаеме одговори на овие прашања – праша Фенге не посочувајќи детали за позицијата на Кина.

Светските медиуми исто така ја пренесуваат изјавата на Венге за Тајван, во која посочува дека „Кина нема да се двоуми да го уништи секој обид на островот да се отцепи“.

– Никој и ниту една земја не треба да ја наметнува својата волја на другите, или да ги малтретира другите под превезот на мултилатерализмот. Ги слушнавме забелешките на секретарот Остин за американската индо-пацифичка стратегија. За нас, стратегијата е обид да се изгради ексклузивна, мала група во име на слободен и отворен Индо-Пацифик, за да ги киднапира земјите во нашиот регион и да таргетира една специфична земја. Тоа е стратегија за создавање конфликти – рече Фенге и додаде „борба до самиот крај“, пренесува Си-Ен-Ен

Според Си-Ен-Ен, Фенге напоменал дека нема да има компромис за суверенитетот на Кина или прашањето дали Тајван еден ден ќе биде „повторно обединет“ со копното – јасна цел на владејачката Комунистичка партија во Кина, која повикува на мирно „повторно обединување“, но не ја отфрли можноста за употреба на сила.

– Дозволете ми да го разјаснам ова. Ако некој се осмели да го отцепи Тајван од Кина, ние нема да се двоумиме да се бориме. Ќе се бориме по секоја цена. И ќе се бориме до самиот крај. Редот на човековата цивилизација мора да се заснова на владеење на правото. Во спротивно, законот на џунглата ќе преовладува. Кина никогаш нема да бара хегемонија или да се вклучи во воена експанзија или трка во вооружување. Нема да ги малтретираме другите, но нема да дозволиме другите да не малтретираат – рече Фенге.

Веи го води кинеското Министерство за национална одбрана, но не е највисок воен функционер во Централната воена комисија на кинеската комунистичка партија, која ги контролира вооружените сили на Кина под кинескиот лидер Кси Џинпинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Белата куќа со коментар за кандидатурата на…

Џон Кирби, координатор за стратешки комуникации во…

САД ставија вето: Засега нема крај на…

Синоќа, САД ставија вето на резолуцијата во…

Бајден откри колку американски војници има во…

Во Европа има неколку десетици илјади американски…

„Ќе ги испратиме вашите синови да се…

Познатиот американски новинар Такер Карлсон на социјалната…