Остин: Како ниедна друга земја Израел има целосно право да се брани од тероризмот и агресијата
Ќе бидеме во постојан контакт со нашите израелски партнери, за да осигуриме дека имаат се што им е потребно за да ја заштитат својата земја.
Целиот хорор на нападите на Хамас станува се повидлив и во такви услови САД цврсто стојат зад Израел и неговото право да се брани себеси и своите граѓани од овие терористички напади, изјави денеска во Брисел американскиот државен секретар Лојд Остин.
– Ќе бидеме во постојан контакт со нашите израелски партнери, за да осигуриме дека имаат се што им е потребно за да ја заштитат својата земја, додаде Лојд во обраќањето на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржува во рамки на дводневната средба на министрите за одбрана на НАТО.
Според него, како ниту една друга земја Израел има целосно право да се брани од тероризмот и агресијата и за тоа ја има целосната поддршка на НАТО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски за Филипче: Не би сакал да…
Јас можам за прв пат да се…
Финансиска полиција: Сопственик на фирма осомничен дека…
Управата за финансиска полиција до Основното јавно…
Ал Шара: САД ја отстрани Сирија од…
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара ја поздрави одлуката…
ДУИ: Официјални документи докажуваат дека проектот Скопје-…
Официјалните документи докажуваат дека проектот за изградба…
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…