Остин: Путин не е во позиција да бара мир од Украина
Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не е во позиција“ да бара Украина да ја прекине војната.
„Тој не е во позиција да ѝ диктира на Украина што треба да направат за да воспостават мир“, изјави Остин за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.
Претходно денеска Путин изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите региони на Русија и да се откаже од намерата да влезе во НАТО за да започнат мировните преговори. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонецот Филипче да не прави паника…
СДС и Венко Филипче повторно ја активираат…
Украдени над 100 парчиња огнено оружје од…
Повеќе од 100 парчиња огнено оружје биле…
Мицкоски во работна посета на германската покраина…
Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во…
Македонија планира да привлече инвеститори во дата-центри,…
Македонија планира да создаде услови за привлекување…
Турски воени авиони повторно го нарушија грчкиот…
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот,…