Остин: САД мора да одржат воено присуство во Сирија поради Исламската држава
САД мора да одржат воено присуство во Сирија за да ја спречат групата ИД повторно да се појави како закана по падот на владата на Башар ал Асад, изјави американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин.
Таму се уште се потребни американски сили, првенствено за безбедност на камповите за десетици илјади поранешни борци на ИД и нивни семејства, рече шефот на Пентагон во едно од неговите последни интервјуа за американски медиуми.
Според различни проценки, меѓу 8.000 и 10.000 борци на групата се во камповите, а најмалку 2.000 од нив се верува дека се многу опасни.
-Мојот став е дека ако Сирија е незаштитена, борците на ИСИС повторно ќе станат една од главните струи, рече Остин во воздухопловната база Рамштајн во Германија, каде што пристигна да разговара за воената помош за Украина со околу 50 други партнерски земји. Тој употребил друг акроним за групата Исламска држава .
Во 2018 година, за време на неговиот прв мандат, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да ги повлече сите американски сили од Сирија, што предизвика оставка на поранешниот секретар за одбрана Џим Матис. Минатиот месец, за време на офанзивата на групата Хајат Тахрир ал-Шам против Асад, Трамп објави на социјалните мрежи дека војската на Вашингтон треба да остане настрана од конфликтот.
САД одржуваат контингент од околу 2.000 војници во Сирија, чија задача е да се борат против Исламската држава; Тоа е многу повеќе од тврдењата со години на официјални претставници, според кои бројката е 900 лица. Тие беа испратени во Сирија во 2015 година, откако радикалната група зазеде големи делови од оваа блискоисточна земја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…
Вчерашната вечер не се покажала како празнична…
Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…
„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…
Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…
Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…
Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…
Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…
Од сабота „Безбеден град“ и во Велес
„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…