“Остра” реакција: ЕУ воведе санкции за иранската полиција за морал
Денеска, Европската унија воведе санкции за иранската полиција за морал и министерот за информации на таа теократска исламска земја поради нивната вмешаност во насилното задушување на учесниците во масовните антивладини протести кои траат со недели поради смртта на 22-годишниот старата Маша Амини откако била приведена поради неправилно носење шамија.
Меѓу 11-те санкционирани се и двајцата главни директори на иранската полиција за морал, Мохамад Ростами и Хаџахмад Мирзеи. Нивните средства се замрзнати во сите земји од Европската унија, а исто така им е забрането да патуваат таму.
Казнените мерки се насочени кон претставниците на безбедносните сили и локалните полициски началници, „поради нивната улога во бруталното задушување на протестите“, се вели во соопштението за печатот од Брисел, откако мерките беа усвоени од министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Луксембург.
Министерот за информации Иса Зарепур е на списокот на казнети поради наводното нарушување на функционирањето на интернетот за време на протестите.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека ЕУ „не може и нема да замижи“ пред насилството врз демонстрантите во Иран и додаде: „Исто така е јасно дека ако овој режим продолжи да го тепа своето население на овој начин, ќе има нови пакети санкции насочени кон одговорните“, пренесува Бета.
Во соопштението, ЕУ ја осудува „широката и неселективна употреба на сила против мирните демонстранти“ и оценува дека таквото однесување е „неоправдано и неприфатливо“.
„Народот на Иран, како и секаде на друго место, има право на мирни протести и тоа право мора да биде обезбедено во сите околности“, се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД подготвени за голем напад врз Иран…
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) и американските…
Фон дер Лајен, Кошта и Марта Кос…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…
Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…
Нетанјаху објави слика од нуклеарка: Израел се…
Израел се соочува со егзистенцијална закана од…
Хамнеи бара воена отштета од САД и…
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи,…