Осуденик од затворот во Шутка е помагачот во убиството кај „Мавровка“, со максимални мерки за безбедност вратен во затворот

t

Вториот осомничен за убиството кај Т.Ц.„Мавровка“, кој вчера сам се пријавил во полиција е осудено лице за друго кривично дело и досега бил во бегство. Со максимални мерки за обезбедување, тој денеска е вратен во затворот Скопје.

Како што информираат од Јавното обвинителство, во тек се вештачењата на материјалните докази со кои се утврдува основаноста на сомненијата за вклученост на ова лице во настанот.

За овој кривично-правен настан, Основното јавно обвинителство Скопје претходно поведе истрага против едно лице, кое се гони за кривични дела – убиство, обид за убиство и недозволено поседување оружје и на кое по предлог на јавниот обвинител му е определена мерка притвор во траење од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ИРАН СО УЛТИМАТУМ ДО САД: Престанете да…

Иран испрати остра порака до Соединетите Американски…

Мерц се закани дека ќе го блокира…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц се закани дека…

Американски функционер тврди дека Русија и Украина,…

Русија и Украина со добра волја пристапуваат…

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…