Осудените за “Диво насеље”: Во целосна изолација сме, не сме ги виделе семејствата

t

Веќе седум дена, осуденици за тероризам во случајот „Диво насеље“ штрајкуваат со глад и се жалат дека надлежните немаат одговор во врска со нивните барања, објави ТВ21.

Министерот за правда, Никола Тупанчески, вели дека директорот на Управата за извршување на санкции се сретнал со осудениците и дека се работи во насока на стопирање на штрајкот и позитивен одговор за барањата.

Осудениците велат дека уште пред 19 месеци барале да им се дозволат семејни посети и користење слободни викенди.

-Сакаме да им порачаме дека утре навршуваат цели седум години. Во целосна изолација сме. Не ни е понудена можност за ресоцијализација и убедени сме дека доколку не ни помогне гласот на народот и претставниците на меѓународната заедница акредитирани во земјава, тогаш ќе продолжат да ни ги негираат сите права, а ќе ни биде нарушено и здравјето, вели за ТВ21 Арсим Бајрами, еден од осудените.

Затворениците се жалат дека нивната здравствена состојба по седумдневниот штрајк со глад се влошува, но иако имало интервенции и од Брзата помош, тие не се откажуваат од штрајкот.

Во случајот „Диво насеље“, седуммина осудени добија доживотни затворски казни, 13-мина се осудени на 40 години затвор, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата. Уште 16 обвинети беа трајно протерани од земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ