ОСУМКРАТНО УБИСТВО ВО СРБИЈА: 13 лица се ранети!
Вечерашното масовно убиство во околината на Младеновац не е прво што се случи на овие простори.
Да потсетиме, според досегашните информации, 21-годишен вооружен маж убил осум лица, а ранил 13. Напаѓачот У.Б. најпрвин пукал во селото Дубона, а потоа во Мали Орашје и селото Шепшин кај Младеновац. . Се стравува дека најмногу жртви има во Мали Орашје.
По напаѓачот се уште се трага, а силни полициски сили се наоѓаат во областа Младеновац. Медиумите пренесуваат сведоштва на мештани кои велат дека се работи за проблематичен млад човек.
Сепак, не можеме да кажеме дека ова кривично дело е „невидено“ на овие простори.
Пред 10 години, на 9 април 2013 година, исто така во околината на Младеновац, во селото Велика Иванча, слично кривично дело извршил шеесетгодишниот Љубиша Богдановиќ. Во утринските часови, меѓу пет и триесет и пет, најпрвин го убил синот, потоа 41-годишната, па мајката, а во куќата ја застрелал сопругата во глава. Потоа отишол во куќите на соседите и роднините и убил уште 11 лица, меѓу кои и двегодишно дете. Ги убил и родителите на бебето.
Кога пристигнала полицијата, тој си пукал во глава. Тогаш 12 лица починале на лице место, а едно во Ургентниот центар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Забранета утринската програма на „Информер“ во Србија
Регулаторното тело за електронски медиуми на Србија…
Уште еден српски функционер оди во притвор!
Судија за претходна постапка од Посебното одделение…
Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…
Курсот на српскиот динар е стабилен, а…
30 дена притвор за командантот Жмириќ и…
Судија на претходна постапка им одреди притвор…
Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…
Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…