Осум кутии докази за случајот „Државна лотарија“: На Груби и другите ќе им се суди по двапати неделно – обвинителот најави и сведоци
Во судската постапка за случајот „Државна лотарија“ обвинителот Даниел Коцев најави изведување на 231 материјален и седум вербални докази, односно сведоци, против осум обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување.
За делото за кое се товарат обвинетите е предвидена казна затвор од една до пет години.
Меѓу обвинетите се поранешниот директор на Државна лотарија Перпарим Бајрами, поранешниот вицепремиер Артан Груби, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авди.
Бајрами, кој е во бегство, го застапува адвокатот Еленко Миланов. Бранители на Груби се Гоце Ристевски и Владимир Доневски, Скендер Мехмети го застапува Љубица Попова, а Бојан Јанев – Антонио Апостолски. Како адвокат на Државна лотарија е наведен Бојан Стоевски.
На рочиштето било посочено дека, поради краткиот временски период, списите од предметот сè уште не биле доставени до сите обвинети.
Обвинителот Коцев информираше и дека од вештото лице до Обвинителството било доставено дополнување на листата, бидејќи износите во денари не биле прикажани со вклучен ДДВ, туку биле наведени само износите во евра.
„Тоа ќе биде образложено при изведувањето на доказите“, посочил обвинителот.
Доказниот материјал бил подготвен во осум хартиени кутии за да биде доставен до сите обвинети и нивните бранители, вклучително и до бранителот на Бајрами, иако поранешниот директор на Државна лотарија е во бегство.
Артан Груби, кој се наоѓа во куќен притвор, побарал да му биде доставена копија од обвинителниот предлог.
Обвинителството проценува дека најголемиот дел од материјалните докази, со исклучок на вештиот наод и мислење, би можеле да бидат изведени на едно рочиште.
За вербалните докази, односно сведоците, времетраењето ќе зависи од директното и вкрстеното испрашување, но проценката е дека нивното изведување би можело да заврши во уште две до три рочишта.
Случајот се однесува на обвиненија за злоупотреба на службената положба и овластување, а наводите допрва треба да бидат докажани во судска постапка.
Груби е обвинет во предметот бидејќи обвинителот тврди дека како претседавач со владината седница овозможил на дневен ред да биде ставена и изгласана точка поврзана со спорната набавка. Сепак, одлуките на Владата се носат колективно, односно со гласање на министрите, додека Деловникот за работа на Владата предвидува дека генералниот секретар ги организира и ги подготвува седниците. Но, освен Груби, никој друг од тогашната Влада не е осомничен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум кутии докази за случајот „Државна лотарија“:…
Во судската постапка за случајот „Државна лотарија“…
ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада,…
Трговската војна меѓу САД и Канада влезе…
ПЕТ скенот работел само еден ден, тврди…
ПЕТ скенот од кој завбиси животот и…
(Видео) Кинези снимени како ја потопуваат зелката…
Кинеските власти покренаа истрага по извештаите дека…
Трагедија во Косово: 26-годишен маж ја убил…
Дваесет и петгодишната Јетлира Фониќи, која била…