Осум месеци затвор за човекот кој ги запали бугарските дипломатски возила, на амбасадата треба да ѝ плати околу 3.300 евра

t

Осум месеци затвор и укинување на притворот доби Игор Дашковски Стојановски обвинети за палење на дипломатските возила пред Бугарската амбасада. Со оглед на тоа што тој од јуни е во притвор, му останува уште некој месец во затвор и да ѝ плати на амбасадата околу 3.300 евра штета.

-Ве осудувам на казна затвор во траење од осум месеци согласно член 47 став 1 од кривичниот законик во изречената казна затвор се пресметува и времето поминато во притвор сметано од 15.06 2026 година – рече судијката.

Со оглед на тоа што тој призна вина, на судењето не се изведуваа докази и не се откри мотивот. Адвокатката на обвинетиот кажа дека е задоволна од пресудата.

Обвинетиот за палењето на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје ја призна вината за делото што го стори на 15 јуни годинава.

– Се чувствувам виновен и во целост ја признавам вината. Сам одлучив – изјави обвинетиот пред судот.

Станува збор за 44-годишниот скопјанец, кој на 15 јуни 2026 година, околу 12:05 часот, запали две дипломатски возила паркирани пред Амбасадата на Република Бугарија, на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов во Скопје.

Од Кривичниот суд го образложија укинувањето на притворот.

– Испитувајќи ги причините за опстојување на мерката притвор против обвинетиот Игор Дашковски Стојановски од Скопје, судот најде дека опасноста од бегство е до тој степен намалена што не е неопходно обезбедување на неговото присуство со најстрогата мерка-мерката притвор ниту е нужно натамошно ограничување на правото на слобода на обвинетиот. Ова бидејќи обвинетиот Игор Дашковски Стојановски има издржано околу половина од изречената казна затвор од 8 месеци, поради што речиси и не постои опасност од бегство со цел да го избегне издржување на останатиот дел од казната. При одлучувањето судот имаше предвид дека обвинетиот даде признание на вина што укажува дека ја прифати одговорноста , а тоа не дава основ за заклучок дека обвинетиот би се дал во бегство за да го избегне правосилното завршување на постапката. Оттука судот оцени дека обвинетиот може да го дочека нејзиното правосилно завршување на слобода. Дополнителна причина за укинување на мерката притвор се личните околности на обвинетиот кој има малолетно дете, на територијата на РСМ е со постојано и познато место на живеење, покажа коректно држење и однесување пред судот за време на расправите и не ја оспоруваше фактичката состојба.
За разлика од првичното определување на притворот, во оваа фаза не беа понудени дополнителни докази или конкретни околности кои ја поткрепуваат потребата од продолжување на мерката притвор, иако согласно стандардите на Европскиот суд за човекови права , со одминувањето на времето се бара поубедливо и поиндивидуализирано образложение за продолжувањето на мерката притвор.
Поради наведеното, согласно чл. 146 ст.1 т.2 од ЗКП, судот определи обвинетиот Игор Дашковски Стојановски од Скопје еднаш неделно, секоја среда, да се јавува кај одговорен службеник во Одделението за организиран криминал и корупција, во Основниот кривичен суд Скопје во период од 09,30 часот до 12,00 часот и цени дека истата цел заради која беше определен притворот ќе се постигне со ваквата мерка . Во смисла на чл. 146 ст.2 од ЗКП, обврска на обвинетиот да се јавува на службено лице ќе трае најдолго до правосилното завршување на кривичната постапка
Имајќи го предвид изложеното, а согласно чл.174 ст.2 в.в. со чл.173 ст.1 т.3 и чл.146 ст.2 в.в. со ст.1 т.2 од ЗКП, судот одлучи како во изреката на ова решение. – стои во образложението на Кривичниот суд во Скопје испратено до медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум месеци затвор за човекот кој ги…

Осум месеци затвор и укинување на притворот…

Ива Михаилова до новинарот Цанов: „Јави ми…

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео…

Борисов: Бугарија се претвора во „пиратска држава“…

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ, Бојко Борисов,…

Бугарија и Романија одбележуваат 20 години од…

Дваесетгодишнината од пристапувањето на Бугарија и Романија…

Бугарија спаси две руски банки од санкциите…

Бугарија побара од Европската Унија да ги…