Осум починати од Ковид-19 минатата недела

t

Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје, информира дека во текот на минатата недела, од направени 3.281 тест, регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19, што е намалување од 14,8 проценти во однос на минатата недела.

Во текот на изминатата недела, не се пријавени починати лица. А согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, од 14 септември до 21 октомври, биле пријавени осум починати лица.

Минатата недела, регистрирани се 221 оздравен пациент.

Од новозаразените 196, од Скопје се 127, Прилеп – 21, Охрид – 10, Битола – 8, Штип – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Неготино – 3, Куманово, Струмица и Кичево – по 2, Тетово, Велес, Гостивар, Струга, Гевгелија, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.

Процентот на позитивност се движи од 1,5 отсто до 8,2 отсто, просечно 5,7 проценти.

Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 50 реинфекции со намалување од 9,1 отсто во однос на претходната недела (n=55).

-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (n=100; 51,0%). Намалување се забележува кај сите возрасни групи во однос на претходната недела, велат од Министерството за здравство.

Регистриран e 221 оздравен пациент, 5,6 отсто помалку во споредба со минатата недела (n=234): Скопје – 159, Прилеп – 14, Битола – 8, Штип и Кавадарци – по 5, Куманово – 4, Охрид, Кичево и Кочани – по 3, Велес, Гостивар, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 2, Крива Паланка, Делчево, Берово, Виница, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатата недела (31.10 – 06.11.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин,  пријавени се 8 починати лица, од Скопје (3), Прилеп (2), Битола (1), Охрид (1) и Штип (1). Пријавените се на возраст од 70г до 95г, а починати се во период од 14.09.2022 до 21.10.2022г. Од починатите лица, 5 се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

Превентивни мерки против Ковид-19 во грчките училишта

По зимскиот распуст поради новогодишните и божиќните…

Минатата недела имало 72 случаи на заразени…

Вкупно 47 пациенти со грип биле прегледани…

Студија: Карантините за време на Ковид-19 предизвикаа…

Дури и по завршувањето на карантините, забрзаното…