ОСУМ ПРАТЕНИЦИ НА ВМРО-ДПМНЕ МЕЃУ КОИ И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ПАРТИЈАТА И КООРДИНАТОРОТ НЕ ГЛАСАА ЗА АМНЕСТИЈА ЗА УСТАВОБРАНИТЕЛИТЕ!

t

Продолжува политичката тортура врз уставобранителите, партиотите луѓето кои беа најгласни и кои се спротивставија на 27 април на уништувањето на македонската држава. Собранието денеска не го изгласа Законот за амнестија, односно со 40 глас ЗА и 58 гласа ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН денеска Законот за амнестија на осудените за настаните од 27 април не помина во Собранието на Република Македонија.

Иако официјално дадоа поддршка за Законот за амнестија дури осум пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот меѓу кои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за амнестија на уставобранителите се и пратеничките Олга Лозанковска, Ели Панова, Иванка Василевска, Силвана Ангелевска, Mирче Аџиоски и Иван Стоилковиќ.

За амнестија на уставобранителите гласаа и пратениците Павле Трајанов претседател на Демократскиот Сојуз и Љупчо Балковски од ВМРО-Народна.

За гласаа и двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Од која причина сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за слобода на уставобранителите иако го поддржаа и тие го поднесоа законот останува непознато.

Се поставува дилемата дали овие пратеници се оние проевропски пратеници кои се спремни да гласаат за уставни, а за кои во неколку наврати говорат високи претставници на власта.

Токму координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој денеска не гласаше за амнестија на Уставобранителите во свое гостување во Радио Слободна Европа изјави дека нема никаков проблем со влез на Бугарите во Уставот.

– Апсолутно не сме против внесувањето на Бугарите во Уставот, ние го кажавме нашиот став, меѓутоа има многу работи во Договорот кои што се основа на сите асимилаторски и негаторски претензии на соседна држава кон нас. Нека се решат сите спорни прашања по однос на тоа. Апсолутно не сме против Бугарите и не само против Бугарите, туку и другите за внесување во Уставот, изјави Мицевски.

Без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ 74 пратеници се спремни било дали се на власт или во опозиција, за внесување на Бугарите во Уставот. Со овие осум пратеници власта би имала 82 пратеника за промена на Уставот и внес на бугарите во истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп го обвини Бајден дека раководел со…

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп го обвини…

Ковачевски: Повикуваме на општа мобилизација на сите…

„Иднината на Македонија е во Европската Унија,…

(Видео) Венко Филипче и Благој Бочварски возеа…

Венко Филипче и Благој Бочварски возеа по…

Ристовски во Шуто Оризари: Да ја сопреме…

Носителот на листата во ИЕ2 на Коалицијата…

Ковачевски: Нема откажување, СДСМ заедно со граѓаните,…

На вечерашниот митинг одржан во Струмица, претседателот…