Отворена бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности
Од денеска во Канцеларијата на Народниот правобранител започна со работа бесплатната телефонска линија 0800 54321, на која граѓаните ќе можат да пријават какви било повреди на нивните права за време на изборната кампања, како и на денот на одржување на Локалните избори.
Од институцијата информираат дека по секоја пријава ќе се постапува веднаш, а доколку поплаките пристигнат по завршувањето на работното време, по 16 часот, тие ќе бидат снимени и разгледани во најкраток можен рок.
„Народниот правобранител, во функција на заштита и остварување на избирачкото право, ќе реагира без одлагање до надлежните органи и институции со цел тие да постапуваат брзо и ефикасно и да го обезбедат остварувањето на загарантираното право на граѓаните“, велат од Канцеларијата.
Граѓаните ќе можат да пријават неправилности и во шесте подрачни канцеларии на Народниот правобранител, секој работен ден од 8 до 16 часот: Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996, Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586, Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082, Подрачна канцеларија Битола 047 242-310, Подрачна канцеларија Штип 032 389-701 и Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Отворена бесплатна телефонска линија за пријава на…
Од денеска во Канцеларијата на Народниот правобранител…
Јакимовски: Салата „Партизан“ е вратена на граѓаните!
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во…
Медведев до Трамп: Teшко е да се…
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев му се…
Шукова: Вардариште од дива депонија ќе стане…
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја…
Германија, покрај забраната, одобрила извоз на оружје…
Германија одобри извоз на оружје за Израел…