Јакимовски: Салата „Партизан“ е вратена на граѓаните!
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, во емисијата „Разговори во живо“ со Тони Михајловски, зборуваше за салата „Партизан“, која Министерството за спорт имаше намера да ја земе под своја надлежност, но Јакимовски ја врати назад.
„Некои сакаа тука да прават кафичи, журки и хаос со возила. Наместо тоа – ние ја вративме во служба на спортот, на младите и на пензионерите.
Министрите може да зборуваат за кошеви и паркети, ама вистината е дека Општина Карпош во овој мандат направи многу повеќе – нова општинска зграда од 5,5 милиони евра, светилки од милион и шестотини, реновирани десет училишта и девет градинки, уште пет улици во работа…
Затоа велам: Карпош не чека никого. Карпош работи и чекори најмалку 10 години пред сите други општини во Скопје.
„Партизан“ останува засекогаш сала за граѓаните – за спорт, за дружење и за иднината на нашите деца.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Вратено македонското знаме во Гостивар, полицијата…
Македонското знаме е вратено на место откако…
Контрола во угостителски објект во Охрид, затекнати…
На 28 ноември 2026 година, во 00;30…
Ужас: Најмалку 30 мртви во армиски напад…
Најмалку 30 лица беа убиени во напад…
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Од 10 до 15 декември Скопје ќе…
Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот…