Отворена бесплатна телефонска линија за пријава на изборни неправилности

t

Од денеска во Канцеларијата на Народниот правобранител започна со работа бесплатната телефонска линија 0800 54321, на која граѓаните ќе можат да пријават какви било повреди на нивните права за време на изборната кампања, како и на денот на одржување на Локалните избори.

Од институцијата информираат дека по секоја пријава ќе се постапува веднаш, а доколку поплаките пристигнат по завршувањето на работното време, по 16 часот, тие ќе бидат снимени и разгледани во најкраток можен рок.

„Народниот правобранител, во функција на заштита и остварување на избирачкото право, ќе реагира без одлагање до надлежните органи и институции со цел тие да постапуваат брзо и ефикасно и да го обезбедат остварувањето на загарантираното право на граѓаните“, велат од Канцеларијата.

Граѓаните ќе можат да пријават неправилности и во шесте подрачни канцеларии на Народниот правобранител, секој работен ден од 8 до 16 часот: Подрачна канцеларија во Струмица 034 329-996, Подрачна канцеларија Кичево 045 228-586, Подрачна канцеларија Тетово 044 344-082, Подрачна канцеларија Битола 047 242-310, Подрачна канцеларија Штип 032 389-701 и Подрачна канцеларија Куманово 031 431-488.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Слободен ден за прваче ви следува по…

Според Законот, на секој вработен му следува…

Китановиќ по силните реакции од јавноста и…

Директорот на Агенцијата за остварување на правата…

Трамп: Иран е официјално пропадната држава, инфлацијата…

Иран е официјално пропадната држава која нема…

Училишната година со 3.000 првачиња помалку, 26…

Новата учебна 2026/2027 година во Македонија започнува…

(Видео) Вулкан еруптираше во Индонезија: Пепел и…

Вулканот Синабунг на индонезискиот остров Суматра еруптираше…