Отворена за сообраќај уште една делница од патот Елбасан-Ќафасан
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека е пуштена за сообраќај уште една делница од автопатот Елбасан- Граничен премин Ќафасан, на албанско – македонската граница, кај Струга и дека работите продолжуваат со брзо темпо. Станува збор за делницата помеѓу селата Лабинот-Фуш до крајот на селото Мирак, и е втора делница која може да се користи, по онаа којашто беше пуштена за сообраќај во јуни пред две години.
– Отворањето на овој сегмент го подобрува сообраќајот, ја зголемува безбедноста на патиштата, го скратува времето на патување и го олеснува транспортот на граѓани и стоки – напиша Рама во објава на социјалните мрежи, АТА.
Патниот сегмент Ќафасан – Елбасан, кој е дел од коридорот VIII, е од категоријата Б, во должина од 50,12 километри, се гради според стандарди за современ автопат, со две коловозни ленти во секоја насока, централен разделен појас, мостови, тунели и заштитни објекти покрај реката Шкумбин.
По завршувањето на проектот ќе може да се вози со брзина до 110 километри на час, а патувањето меѓу Елбасан и Ќафасан треба да се скрати на околу 30 минути, наспроти над час и половина, колку што претходно беше потребно.
Коридор 8 се протега од пристаништето Бари во Италија до пристаништата Варна и Бургас во Бугарија, минувајќи низ Албанија и Северна Македонија. Во својата завршна форма, Коридорот 8 треба да вклучува и патни и железнички врски, при што патната мрежа моментално е завршена околу 70 проценти, додека на железничката рута сè уште недостасуваат прекугранични делови помеѓу Албанија, Северна Македонија и Бугарија, чија целосна изградба и поврзување се планира да се заврши до 2030 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Иран се заканува со удари врз дата-центри…
Иран предупреди дека дата-центри, објекти за вештачка…
Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во…
Судирите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија…
Трамп: Хутите се однесуваат многу лошо
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Хутите,…