Отворена истрага против британскиот премиер Риши Сунак!
Комесарот за стандарди на британскиот парламент, Даниел Гринберг, денеска отвори истрага против британскиот премиер Риши Сунак поради тврдењата дека не укажал на потенцијален конфликт на интереси, за кој се верува дека е поврзан со компанија за згрижување деца во која неговата сопруга е инвеститор.
Сопругата на Сунак, Акшата Мурти, е наведена како акционер во „Кору Кидс“, една од шесте приватни компании за згрижување деца кои најверојатно ќе имаат корист од шемата предложена во минатомесечниот буџет за охрабрување на луѓето да се грижат за деца, пишува „Ројтерс“.
Претходно, во комисијата за парламентарни интереси, Сунак, на прашањето на пратеничката од Лабуристичката партија Кетрин Мекинел дали има поврзаност меѓу интересите на неговата сопруга и предложената шема за згрижување деца, рече дека сите интереси ги пријавил „на нормален начин“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…