Отворена новата сезона во Адреналинскиот Парк во Карпош

t

На атрактивен начин со организација на промотивен настан, фирмата „Adventure side“ која стопанисува со адреналинскиот дел од Спортско – адреналинскиот парк кај Кејот на Вардар, официјално ја отвори новата сезона на оваа рекреативна зона.

На манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, како и претставници од Делегацијата на Европската Унија во Скопје.

Од „Adventure side“ најавуваат дека адреналинскиот дел кој се состои од три нивоа, годинава ќе функционира со целосно работно време, односно од понеделник до петок љубителите на адреналинот ќе можат да се рекреираат од 17 до 22 часот, додека пак за викендите адреналинската зона ќе биде отворена од 11 до 20 часот.

Инаку, во рамки на оваа спортско-рекреативната зона покрај адреналинскиот дел, достапни за граѓаните се и игралиштата за фудбал и одбојка на песок, реконструираниот скејт парк, како и детското игралиште, кои се бесплатни за користење.

За Спортско – адреналинскиот парк, Општина Карпош доби грант од ЕУ во висина од 41.000.000 денари, а локалната самоуправа учествуваше со 6.300.000 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канделабрата во паркот во Карпош ја откорнало…

Од МВР информираа дека е расчистен случајот…

Без струја делови од Карпош, Центар и…

Без електрична енергија денеска ќе останат делови…

Мајка нападнала дете во игротека во Карпош

На 17.05.2026 во 22:30 часот во СВР…

СДСМ бара вонредна седница на Советот на…

„После распадот на ЗНАМ, сега пукнатините јавно…

(Видео) Ако Лукровски не може, не знае…

Ако Стори Лукровски не може, не знае…