Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО

t

Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија во соработка со Општина Тетово денеска на плоштадот во центарот на градот организираат отворен ден за граѓаните.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од нашето членство во Алијансата.

На отворениот ден, присутните ќе имаат можност да проследат повеќе музички нумери во изведба на воениот оркестар, приказ на борбени вештини на припадниците на специјалните сили и да се запознаат со дел од армиските возила и опрема со кои располагаат единиците на Армијата.

-Граѓаните ќе имаат можност во директна комуникација со армиските припадници да се запознаат со техничките карактеристики на воената опрема и возила, обученоста и опремата на специјалните единици на Армијата. Активноста ќе биде проследена од министерката за одбрана Славјанка Петровска, началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и претставници од локалната самоуправа, наведуваат од МО.

Отворениот ден во Тетово е дел од планирани настани кои се организираат во седум градови во внатрешноста и во Скопје со кои ќе се одбележат 75 години од формирањето на НАТО и четири години членство на Република Македонија во Алијансата. Досега граѓаните на Струмица, Кавадарци и Штип имаа можност да присуствуваат на овие настани, а следната недела отворени денови ќе се реализираат и во Охрид, Прилеп и во Скопје, стои во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…

Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…

Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во…

Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно…

Американските бомбардери Б-52 пристигнаа во Романија на…

Американските стратешки бомбардери Б-52, кои во неделата…

Армијата ангажира дополнителни 200 војници за гасењето…

Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на…