Откако власта одби зголемување на додатоците, родителите на лица со попреченост не се откажуваат: Ќе протестираат до исполнување на нивните барања

t

Незадоволни и разочарани поради неусвоените законски измени со кои што се предлагаше двојно зголемување на посебниот додаток, родителите на децата со попреченост вчера одржаа протест во Битола. На протестот повторно го искажаа своето незадоволство од недостатокот на разбирање од институциите на системот, како и од нивната незаинересираност за решавање на нивните проблеми.

Барањата остануваат исти: двојно зголемување на посебниот додаток кој сега изнесува 5.021,00 денар, а кој што не е доволен ниту да ги покрие основните потреби од лекови, памперси и хигиенски производи за децата со попреченост; зголемување на паричниот додаток за туѓа нега и за мобилност; како и измена на законската регулатива во однос на стекнување на условите за пензија за родителот кој што се грижи за детето со попреченост и не може да оствари работен однос.

Родителите на деца со попреченост најавија протест во петок на 29 април 2022 година, пред Владата на РМ, доколку во меѓувреме не се исполнат нивните барања.

Подносители на законските измени за двојно зголемување на посебниот додаток за децата со попреченост беа двајцата пратеници на Левица Димитар Апасиев и Борислав Крмов, но тие не добија поддршка од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и ДУИ. Левица, исто како и досега, и понатаму дава безрезервна поддршка на родителите на деца со попреченост, за истрајување во борбата за остварување на нивните права, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Здружението „Лесја Украинка“ изразува протест за…

Здружение на Украинци во Република Македонија „Лесја…

Вработените од Еуроникел го блокираа патот Кавадарци…

Веќе 6 месеци  трае преписката на синдикатот…

(Фото) Протест на судската и јавнообвинителска служба,…

Вработените од судската и јавнообвинителската служба, Фондот…

Жители на Финска протестираат поради затворањето на…

Граѓаните на Лапеенранта во Финска рекоа дека…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Голем број граѓани денеска со собраа на…