Откриена импровизирана лабораторија за производство на дрога во Неготино

t

Полицијата во Неготино откри импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци. Поднесена е кривична пријава и одреден е притвор против едно лице.

На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш.

Лицето е задржано во полициска станица и во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнание за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Судот му определи притвор во траење од 30 дена и лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Гевгелија за издржување на мерката притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извештаи: Шефот на ЦИА во Москва ја…

Директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, ја предупредил…

Гужви на ГП ,,Богородица” за влез во…

Долга колона автомобили е забележана утрово на…

Чупиќ: Некои не се свесни што значи…

Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…

Денес се празнува Светиот пророк Михеј II

Од племето Јудино, а од селото Мориси,…

Метео: Наутро сончево, попладне нестабилно со пороен…

Сончево и топло со мала до умерена…