ОТКРИЕНА ПРИЧИНАТА ЗА АВТОБУСКАТА НЕСРЕЌА БЛИЗУ БОГОРОДИЦА? Возачот на автомобилот заспал, а тргнал на риболов со другарите

t

Српските медиуми пишуваат дека причина за автобуската несреќа кај Поликастро близу граничниот премин Богородица било тоа што возачот на возилото со грчки таблички во кое удрил автобусот заспал зад воланот. Тројца Грци и еден Русин, на возраст меѓу 66 и 73 години, биле во автомобилот, а оделе на риболов. Четворицата загинаа, а нивните тела се извлечени, потврди Јанис Артопојос, портпаролот на противжарната бригада.

Зад автомобилот возела кола со српски таблици, Србинка со дете од Бољевац, кои останале неповредени.

Според Александар Сеничиќ, директорот на националната асоцијација на туристички агенции ЈУТА во Србија, по судирот возачот на автобусот успеал да избегне столб покрај коловозот и се превртел.

Една од карактеристиките на патот „Пајонија Одос“ кај Богородица е дека тој има само две ленти и не може да се претекнува. Многу често побавните возила возат кон просторот за застанување давајќи им малку место на побрзите коли кои претекнуваат преку полната линија. Ова го прави овој дел од патот многу небезбеден и тесен за патување.

Според Македонец кој се нашол на патот враќајки се дома од Грција, „патниците од автобусот не можеа да излезат од српскиот автобус додека не дојде брзата помош“.

– Луѓето веднаш притрчаа да помогнат и ги извлекоа повредените и онесвестените – вели тој за српски Телеграф.

– Беше страшно, уште сум во шок. Едно возило беше среде патот, целосно згмечено, а од него над хаубата висеа две тела, најверојатно возачот и сопатникот.

Точната здравствена состојба на повредените патници не е позната, а како што претходно објавија грчките медиуми, 53 од нив се повредени. Повеќето од патниците се спасиле со полесни повреди.

Туристите во раните утрински часови патувале кон Аспровалта, каде имале уплатено аранжман. Несреќата се случила пред 7 часот. Од 6 и 30 утринава патот е затворен за сообраќај, а возилата се пренасочуваат кон стариот пат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…

Албанските државјани веќе седум години се најбројната…

Хрватска го проширува системот за рано откривање…

Системот за видео надзор за рано откривање…

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…

Барнам од Киев: Украина е првата линија…

Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…

Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…

Во рамките на работната посета на Израел,…