Откупната цена на вранецот ќе изнесува 21,8 денари, а на смедеревката 20 денари за килограм

t

Откупната цена за килограм винско грозје од сортата вранец ќе изнесува 21,8 денари, додека за смедеревката ќе изнесува 20 денари, соопшти денеска во Кавадарци министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски.

„Овие цени се утврдени врз основа на реалните трошоци на лозарите и законски предвиденото зголемување од 25 отсто. Обезбедуваме фер, транспарентен и предвидлив процес, во кој трудот и вложувањата на лозарите се соодветно вреднувани“,  истакна министерот Серафимовски.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја утврди производната цена за двете најзастапени сорти винско грозје согласно Законот за виното и Методологијата за пресметка на трошоците за производство на килограм винско грозје на определена површина и соодветен квалитет.

Пресметката ја изготви Земјоделскиот институт – Скопје, како научна институција избрана преку јавен конкурс. Производната цена е добиена врз основа на теренски истражувања, анкети и анализа на репрезентативен примерок на лозарски стопанства.

При нејзиното утврдување се земени предвид сите релевантни производни параметри, вклучително и трошоците за агротехнички мерки, заштита и прихрана, работна сила, механизација, репроматеријали, како и останатите фиксни и варијабилни трошоци.

Заради целосна транспарентност на постапката, анкетните листови користени при пресметката беа јавно објавени на веб-страницата на Земјоделскиот институт – Скопје.

Министерството останува посветено на доследна примена на Законот за виното и подзаконските акти, како и на создавање стабилни и предвидливи услови за производство и откуп на винското грозје, во интерес на лозарите и на развојот на домашната винарска индустрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија произведува повеќе со помалку земјоделско земјиште…

Во изминатите десет години земјоделските површини во…

Серафимовски: Откупот тече непречено, над 54 милиони…

Откупот на грозјето продолжува непречено, откупните пунктови…

Мицкоски: Расте земјоделското производство, акумулациите од 8…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

Мицкоски: Земјоделството бележи раст, исплатени над 15…

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија,…

13 лица уапсени во Грција за измама…

Грчката полиција спроведува операција во регионите на…