Објавено на:

Отпочнуваат активностите за партерно и хортикултурно уредување на дворната површина во средното училиште ,,Здравко Цветковски” во Скопје

t

Отпочнуваат активностите за партерно и хортикултурно уредување на дворната површина во средното училиште ,,Здравко Цветковски” во Скопје, објави градоначалничката Данела Арсовска.

Во рамки на акцијата за целосно уредување на училишните дворови на скопските средни училишта заедно со јавните претпријатија го посетивме средното училиште на Град Скопје ,,Здравко Цветковски”, каде на награден конкурс учениците од образовниот профил архитектонски техничар, направија анализа на потребите и барањата на сите ученици и согласно тоа изработија повеќе идејни решенија.

По детална разработка проектите учениците групно работеа на решенијата и детално изработија вкупно 20 проекти кои ги презентираа со 3Д анимации. Од најдобрите проекти се избрани по два елемента кои се вклучени во финалниот проект за уредувањето на училишниот двор.

Отпочнуваме со активностите за партерно и хортикултурно уредување на дворната површина во училиштето согласно проектот од 15.000 метри квадратни, со акција за засадување на дрвја и садници, нова тревна паркова површина, поставување нова урбана опрема која дополнително на средношколците ќе им овозможи пријатен престој на отворено во катчиња во кои ќе може да се дружат, ќе имаат можност за организирање на предавања и едукативни работилници.

Целта на овој проект е да се поттикнат средношколците и во ова наше училиште за зачувување, одржување и негување на животната средина, како и да се креираат нови паркови површини и фитнес зони. Оваа активност произлегува од програмата „За Модерно Скопје“ и е предвидено да се реализира во сите 23 градски средни училишта, во соработка со градските јавните претпријатија, соопшти Арсовска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…

(Видео) Две страшни сообраќајки се случија ноќеска…

Две сообраќајки се случија ноќеска во Скопје,…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Прегазен струмичанец во Скопје, со тешки повреди…

Четириесет и седумгодишен струмичанец е тешко повреден…