Отсега во ЕУ е легално да се јадат штурци и црви
Домашните штурци и ларвите на бубачката Tenebrio molitor, односно брашнарските црви, ќе бидат дозволени како храна во Европската Унија според новите регулативи.
Домашниот штурец од денеска може да се користи замрзнат, сушен или во прав, а од четврток и ларвите.
Слични правила веќе постојат за миграционите скакулци и ларвите на жолтиот црв.
Осум дополнителни барања за одобрување на инсекти како храна во моментов се разгледуваат од Европската комисија, бидејќи производителите треба да аплицираат за одобрение за секој инсект што сакаат да го пуштат на пазарот.
Храната што содржи инсекти во ЕУ треба да биде јасно означена, вклучувајќи го и името на видот.
Според проценката на комисијата, домашните штурци и ларвите на брашнарските црви се безбедни за човечка исхрана, но може да претставуваат ризик за луѓето кои страдаат од алергии на храна.
Инсектите се сметаат за хранливи и богати со протеини и се дел од вообичаената кујна во многу земји. Тие исто така можат да придонесат за одржлива исхрана, бидејќи може да се одгледуваат на релативно ефикасен начин во однос на користење на ресурсите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…
Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…
Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…
Студентската листа води на изборите во Србија…
Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…
(Видео) Солзи радосници и ора по улиците…
Ширум Србија се слави за победата на…