Објавено на:

Отфрлена жалбата-Владимир Кара најголемиот непријател на Путин останува во затвор 25 години

t

Рускиот Врховен суд ја отфрли жалбата на пресудата за 25-годишна затворска казна за предавство поднесена од критичарот на Кремљ, Владимир Кара-Мурза, објавија денеска странските агенции.

Кара-Мурза е со двојно државјанство, руско и британско, и постојано ја критикуваше војната во Украина, рускиот претседател Владимир Путин и лобираше за санкции од Западот против Русија.

Опозицискиот политичар беше уапсен два месеца пред почетокот на конфликтот во Украина во февруари 2022 година и беше обвинет за ширење лажни информации за руските вооружени сили и прогласен за „странски агент“.

Руската полиција го приведе неколку часа откако Си-Ен-Ен емитуваше интервју со него во кое тој тврдеше дека Русија ја води „режим на убијци“. Тој подоцна беше обвинет за предавство за говорите што ги одржа, вклучително и еден во Претставничкиот дом на Аризона, кога рече дека Русија бомбардирала украински домови, болници и училишта, што Москва го негира.

Државното обвинителство го обвини дека „свесно шири лажни информации“ за акциите на руските сили во Украина, а неговата сопруга Евгенија изјави дека се плаши за неговиот живот по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални во февруари.

Кара-Мурза во жалбата наведува дека не сторил никакво кривично дело и дека е осуден исклучиво затоа што го искористил правото на слобода на говор и јавно се спротивставил на Путин и војната во Украина.

Тој овој месец ја доби Пулицеровата награда за есеј на Вашингтон пост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ердоган: Турција е единствената што може директно…

Турција е единствената што може директно да…

Вучиќ му честиташе на Орбан за организирањето…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше по телефон…

Путин го разреши заменик шефот на неговата…

Рускиот претседател Владимир Путин го разреши Дмитриј…

Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…

Трамп побара од ЕУ да го притисне…

Американскиот претседател Доналд Трамп побарал од Европската…