Отчетен Конгрес на СДСМ денеска, ќе се анализираат изборните резултати

t

СДСМ денеска ќе го одржи 29. Конгрес на кој, според најавите, ќе се анализираат причините за изборните резултати.

Досегашниот претседател на партијата Димитар Ковачевски по изборниот пораз, на седница на партискиот Извршен одбор што се одржа на 22 мај, официјално го потврди повлекувањето од функцијата претседател на СДСМ и побара свикување конгрес и организирање внатрепартиски избори.

Во меѓувреме, на 6 јуни заврши рокот за кандидирање за претседател на СДСМ. Во периодот од 31 мај до 6 јуни, рок определен за кандидирање, кандидатури за претседател на партијата поднесоа поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска, поранешниот министер за здравство Венко Филипче, директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и актуелниот заменик-министер за информатичко општество и администрација во техничката влада, Александар Бајдевски.

Вонредните внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ ќе се одржат на 30 јуни. Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и Одбори на избирачки места на локално ниво. Можност за гласање ќе имаат сите членови на СДСМ кои активно ќе се регистрираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мургашанска од СДСМ: Димитриевски ме тужи затоа…

Откако му ги откривме сите скандали на…

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од…

Кога наместо да деде одговор на конкретно…

СДСМ го осудува насилството и сценаријата на…

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија најостро го осудува…

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…