Офанзивата продолжува: Денес прв обид за преговори
Руската офанзива за освојување на Киев продолжи во раните утрински часови, соопшти украинската војска, пренесува германската агенција ДПА.
Во северниот дел на Киев, руската војска се обидувала да изгради понтонски мост за преминување преку реката Ирпин, објави Генералштабот на украинската војска на Фејсбук. Од Генералштабот додаваат дека имало уште еден неуспешен обид да се заземе градот Ирпин, во непосредна близина на Киев.
Германската агенција го пренесува и соопштението на руската нова агенција Интерфакс дека руските војници напредувале од јужниот украински град Керсон кон Миколаев.
Во меѓувреме, украинската државна служба за комуникации во објава на Телеграм соопшти дека резиденција во украинскиот град Чернихив, во близина на границата со Белорусија, е погодена со проектил. Деталите за воениот развој не можеа да се проверат од независни извори, потсетува ДПА.
Украинското Министерство за внатрешни работи извести за 352 загинати цивили, вклучително и 14 деца, откако Русија го започна нападот во раните утрински часови во четвртокот. Според податоци на Министерството, до синоќа се ранети 1.684 лица, вклучувајќи 116 деца.
Украинската војска соопшти дека „загубата“ на рускиот персонал сега изнесува околу 4.500 војници и дека се уништени руски хеликоптери, тенкови и други воени возила.
Русија призна дека имало смртни случаи меѓу нејзините војници за време на борбите во Украина, но не наведе бројка.
За денеска се закажани мировни преговори меѓу делегации на двете завојувани страни кои ќе се одржат на украинско-белоруската граница.
Постојат шпекулации дека Белорусија би можела официјално да се приклучи во војната на страна на Русија, откако украинската новинска агенција UNIAN објави дека белоруските падобранци добиле наредба да заминат за Украина, цитирајќи информации од Андреј Стрижак од белоруската невладина организација Бисол.
Западните сили одговорија со остри санкции, а американскиот претседател Џо Бајден се очекува денеска да има нов телефонски разговор со сојузниците од Европа заради координација на понатамошниот одговор на инвазијата на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…