Официјален Вашингтон: Македонија што побрзо да ги започне преговорите со ЕУ
Американската Влада излезе со став во однос на неизвесноста околу започнувањето на преговорите меѓу Македонија и ЕУ за членство во Унијата, по неуспешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел.
За Вашингтон, веродостојноста на перспективата за проширување на ЕУ е животно важна за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан.
-Сметаме дека кредибилитетот на перспективата на проширување на ЕУ е од животна важност за стабилноста и просперитеот на Западен Балкан, соопштија денеска за МИА од американскиот Стејт департмент.
САД укажуваат на тоа дека продолжува нивната поддршка за што е можно побрз почеток на пристапните преговори на ЕУ со Македонија и Албанија.
На Самитот Западен Балкан-ЕУ вчера во Брисел, македонскиот премиер Димитар Ковачевски го отфрли таканаречениот „француски предлог“. Денеска бугарскиот парламент усвои предлог француски-предлог со одредени корекции.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…