Официјален Пекинг повика судирот во Украина да се реши по пат на преговори
Државниот советник и министер за надворешни работи на Кина, Ванг Ји, ги повика Русија и Украина по пат на преговори да изнајдат решение за судирот, притоа нагласувајќи дека Кина ги поддржува сите контруктивни меѓународни напори што водат кон постигнување политичко решение.
Ванг кој синоќа телефонски разговарал со неговиот украински колега, Дмитри Кулеба, констатира дека ситуацијата во Украина брзо се менува. Тој изрази жалење поради избунувањето на судирот меѓу Русија и Украина, нагласувајќи ја загриженоста на Кина заради штетите што ги трпи цивилното население.
„Основниот став на Кина по украинското прашање е отворен, транспарентен и доследен, рече шефот на кинеската дипломатија додавајќи оти Кина секогаш се залагала за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите држави.
„Кина смета дека безбедноста на една држава не треба да биде на штета на безбедноста на други земји, уште помалку регионалната безбедност да се гарантира со јакнење или ширење воени блокови, нагласува Ванг.
Како одговор на интензивирањето на оружените судири, кинескиот министер му рекол на украинскиот колега оти императив е да се смири ситуацијата на терен и да се избегне ескалација на судирите. Од особена важност според Ванг е да се спречат штети врз цивилите и појава на хуманитарна криза.
„Треба да се обезбеди навремен пристап за хуманитарната помош“, рече Ванг.
Шефот на кинеската дипломатија изразил надеж дека Украина ќе ги преземе сите неопходни мерки за да осигура безбедност на кинеските државјани во земјата, притоа продлжувајќи со напорите за обезбедување услови за нивна евакуација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…