Официјална Москва одлучна: Преговорите со НАТО се невозможни, доаѓа голема промена во односите на Русија со Алијансата

t

Имајќи го предвид моменталниот развој на настаните, исклучена е можноста за какви било разговори со НАТО алијансата, изјавил руски извор за агенцијата Тасс.

Сега дојдовме до точка кога, секогаш кога претставниците на НАТО како организација ќе се појават на универзалните меѓународни платформи, ќе бараме да ги нема, а единствен исклучок може да биде кога станува збор за конкретни платформи како што е Организацијата за безбедност и соработка во Европа, вели изворот на агенцијата.

Изворот додава дека никој не треба да очекува Русија „концептуално да ги врати“ предлозите за безбедносните гаранции, кои ги испрати до Соединетите Американски Држави и НАТО пред една година.

Ако го направиме тоа, ќе има потреба од ажурирање на позицијата, а тоа не би било можно бидејќи сè зависи од тоа како ќе се одвива ситуацијата на теренот за време на специјалната воена операција во Украина, вели изворот.

Тој додава дека во Москва сметаат дека нема никаква суштина зад зборовите на францускиот претседател Емануел Макрон дека е неопходно на Русија да и се дадат безбедносни гаранции.

Тоа е само негов обид да ја покаже својата важност, но зад тоа нема јасен став и предлог, вели изворот на Тасс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Молдавија од денес влезе во 60-дневна вонредна…

Молдавија од денес, 26 септември, официјално влегува…

Ивановски: Филипче и неговата група станаа фракција…

Поранешниот потпретседател на СДСМ и еден од…

Мицкоски: На Македонија ѝ треба силна опозиција,…

„Јас жалам повторно што дури и оваа…

Мицкоски: Ние ги презентираме нашите аргументи, во…

Јас не можам да зборувам од аспект…

(Фото) Македонското знаме се крена над Њујорк:…

Во чeст на 35 годишнината на независноста,…