Официјална Москва се огласи по најавата на Трамп дека „Украина може да биде руска“
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека голем дел од Украина би сакал да стане дел од Русија и дека, според ситуацијата на теренот, тоа веќе се случило.
„Факт е дека значителен дел од Украина сака да стане Русија и дека тоа веќе се случи“, рече Песков, пренесе руската новинска агенција ТАСС (Тасс).
Тој изјави дека „четири нови руски региони“ се доказ за тоа тврдење, додавајќи дека луѓето и покрај ризиците на референдумот гласале за приклучување кон Русија.
Трамп претходно во интервју за Фокс њуз изјави дека Украина може да стане дел од Русија и дека САД би можеле да бараат враќање на парите инвестирани во Украина, во форма на ретки метали во вредност од околу 500 милијарди долари.
„Можеби ќе има договор меѓу Русија и Украина, а можеби и нема да има. Украина може да биде руска еден ден, а можеби и не“, рече Трамп.
Песков, исто така, рече дека тоа што Трамп го цитирал рускиот претседател Владимир Путин не може да се смета за показател за приближување меѓу Русија и САД.
Песков одговори на објавата на Трамп на социјалната мрежа „Truth Social“, во која тој сподели линк до изјавите на Путин за европските елити, нагласувајќи дека тоа повеќе ја одразува политичката агенда на Трамп отколку вистинска промена во односите меѓу двете земји, пренесе агенцијата РИА Новости.
Тој посочи дека контактите меѓу Русија и САД се интензивирани преку одредени канали и дека е важно изјавите на Путин да се анализираат и во Вашингтон за подобро да се разбере руската позиција.
Во врска со наводното доаѓање на американскиот специјален пратеник за Блискиот Исток, Стив Виткоф во Москва, Песков рече дека Кремљ нема информации за таа посета.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Атентат во Москва врз поранешниот портпарол на…
Поранешниот портпарол на некогашниот украински премиер е…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…