Официјално: Велика Британија побара исклучување на Русија од Интерпол
Министерката за внатрешни работи на Велика Британија Прити Пател испрати писмо до Интерпол со барање следната недела да донесе одлука за итно исклучување на Русија од таа организација.
„Заедно со колегите од Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Нов Зеланд, денеска напишав писмо во кое побарав од седиштето на Интерпол и неговиот извршен комитет да одлучат оваа недела веднаш да го суспендираат пристапот на Русија до нејзиниот систем“, напиша Пател на нејзиниот Твитер профил.
„Активностите на Русија се директна закана за безбедноста на поединци и меѓународната соработка на безбедносните сили“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американските пратеници Кушнер и Виткоф пристигнаа во…
Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
Зеленски до Путин: „И јас можам да…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа ги изнесе…
Американски војник уапсен во Британија под сомнение…
Високопозициониран американски војник е уапсен во Британија…
Преговорите меѓу Украина и Русија продолжуваат во…
Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина…