Официјално крај на драмата: Владата го поништи државјанството на Онишченко

t

Владата на денешната седница одлучи да се поништи одлуката за прием на Олександр Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.

Владата ја донесе одлуката откако го разгледа известувањето од Министерството за внатрешни работи, во кое што се информира за можноста за одземање на веќе дадено државјанство, што беше побарано од страна на Владата, на претходна владина седница.

Денешната одлука на Владата е базирана на Законот за државјанство на Република Северна Македонија.

Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да постапи веднаш по донесената одлука за поништување на одлуката за прием на Онишченко во државјанство на Република Северна Македонија, информира владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски од Струга: На Македонија и е…

На Македонија ѝ е потребно национално единство…

Бербок: Германија не може да прифати Кина…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска…

Курсна листа на НБРМ: Колку чинат валутите…

Според курсната листа на НБРМ средниот курс…

Абазовиќ: Србија да стави крај на членството…

Поранешниот премиер на Црна Гора, Дритан Абазовиќ,…

Денеска се празнува Свети Георгиј Исповедник

Заради големата добродетел што ја стекна со…