Објавено на:

Официјално, Милош Вучевиќ го наследи Вучиќ на партиската функција

t

На предлог на Александар Вучиќ за нов претседател на СНС е избран министерот за одбрана на Република Србија, Милош Вучевиќ.

Вучиќ претходно за својот наследник рече дека „го познава како човек лојален на СНС, од добро семејство, но и посветен на идејата за независна и просперитетна Србија“.

Новиот претседател на СНС, Милош Вучевиќ изјави дека политиката на СНС нема да се промени и дека таа ќе продолжи да биде моторот на развојот на Србија.

Тој му се заблагодари на поранешниот претседател на СНС за се, како што рече, за 11 години одлично раководење на партијата и борба пред се за Србија и СНС како мотор на развојот на Србија.

„За нас ова не е дисконтинуитет, туку уникатна приказна, отвораме ново поглавје во нашата книга. Нашата политика нема да се промени, ние остануваме партија која е мотор на развојот на нашата татковина, но и партија која ги негува и чува традиционалните вредности на српскиот народ, сите граѓани на Србија, која политички ќе се залага за зачувување на Косово и Метохија како дел од Србија, која ќе се грижи за интересите на српската заедница каде и да живее, пред се на територијата на поранешна Југославија, и партијата која ќе биде најсигурен партнер на претседателот на Републиката, Вучиќ“, рече Вучевиќ.

Тој додаде дека СНС го поддржа предлогот на Вучиќ СНС да учествува во формирањето на Движењето за народот и државата, односно Народното движење.

Многу поконкретно во оваа работа ќе можете да видите веќе на крајот на јуни“, додаде Вучевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Притвор за Мацура и вработени во Алта…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Вучиќ: Криминалците ја преземаат контролата и ја…

Александар Вучиќ, носителот на листата „Обединета Србија“,…

СРПСКОТО ОБВИНИТЕЛСТВО НЕ РАЗБРАЛО ШТО Е ГОТОВИНА,…

Форбс Србија анализира како функционираат банкарските трезори,…

ПРИТВОР ЗА ДВАЈЦА ВИСОКИ ПОЛИЦИСКИ ФУНКЦИОНЕРИ ВО…

Вишиот суд во Белград им одреди притвор…

Газдата на „Алта банка“ е приведен во…

Во Србија ноќеска е приведен Давор Мацура,…