Официјално се повлекува: Горан Пандев оди во пензија!
Еден од најдобрите македонски фудбалери, големиот Горан Пандев официјално објави дека се повлекува.
Тој во интервју за „Газета дело Спорт“ ја објави оваа информација, а истата беше најавена уште по завршувањето на ЕП 2020.
„По 20 години… Мојот најстар син има 13 години, а јас го гледав само на паузите меѓу првенствата. Сега е време да се посветам на најблиските. Потоа сигурно ќе работам нешто во фудбалот, затоа што не знам ништо друго да правам. Добра беше промената, летово бев без клуб и можев да се опуштам малку, да не тренирам со месеци. Не знам што би работел, но тоа нема да биде тренер. Можеби агент или спортски директор во некој клуб“, изјави Пандев за „Газета“.
Инаку, Пандев заминува по 122 натпревари за Македонија и постигнати 38 гола, додека пак неговото име остава белег и во италијанскиот фудбал со 500 натпревари и повеќе од 100 гола.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски воен сателит опасно се приближил до…
Руски воен сателит се приближил на околу…
ИЗРАЕЛ ВО НАЈВИСОКА БОРБЕНА ГОТОВНОСТ: „Сè зависи…
Израелските вооружени сили се наоѓаат во состојба…
СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ПОВИКА НА СМИРЕНОСТ: Да не…
Српската Студентска листа излезе со сериозни обвинувања…
(Видео) ПАНИКА МЕЃУ ШТЕДАЧИТЕ ВО СРБИЈА: Граѓани…
По пропаѓањето на АЛТА банка во Србија,…
Мицкоски најави дека во декември ќе бидат…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека во декември…