Објавено на:

Официјално соопштение на БРИКС: Повикуваат на директни преговори за создавање суверена и независна држава Палестина

t

Лидерите на земјите од БРИКС повикаа на итен прекин на непријателствата на Блискиот Исток, воспоставување хуманитарно примирје, итно ослободување на заложниците заробени од Хамас на 7 октомври и директни преговори насочени кон формирање на суверена и независна држава Палестина, се вели во соопштението по вонредниот онлајн- на самитот БРИКС за Блискиот Исток.


Во продолжение, ви ги пренесуваме главните точки на документот:

  • Водачите на БРИКС го осудија насилството врз палестинските и израелските цивили, вклучително и воените злосторства;
  • Лидерите се изјаснија против присилната депортација на Палестинците;
  • Тие изразија длабока загриженост поради страшната хуманитарна ситуација во „Окупираната палестинска територија“;
  • Тие ја истакнаа потребата да се заштитат цивилите во согласност со меѓународното право;
  • Тие нагласија дека долгорочното решение на палестинско-израелскиот конфликт може да се постигне само преку мирни средства;
  • Тие повикаа на итно ослободување на заложниците од Појасот Газа заробени од Хамас на 7 октомври, како и итен хуманитарен прекин на огнот на Блискиот Исток;
  • Тие ја истакнаа важната улога на Организацијата за исламска соработка и Арапската лига во решавањето на ситуацијата на Блискиот Исток;
  • Тие потврдија дека е неопходно целосно да се почитува меѓународното хуманитарно право на палестинската територија;
  • Тие посочија дека е неопходно да се спречи ширење на конфликтот на Блискиот Исток;
  • Лидерите на БРИКС се посветени на спроведување независна и транспарентна истрага за воените злосторства во Појасот Газа во согласност со меѓународните стандарди;
  • Беше потврдена примарната улога на Советот за безбедност на ОН во одржувањето на мирот и безбедноста на меѓународно ниво;
  • Лидерите на БРИКС повикуваат на директни преговори за создавање суверена и независна држава Палестина;
  • Тие ги повикаа оние кои имаат влијание на страните во палестинско-израелскиот конфликт да го искористат за да се избегне понатамошна ескалација и ширење на конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Трамп мисли дека Израел е доволно…

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…

Израелскиот претседател му го довери мандатот на…

Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…

Хуманитарна катастрофа во Газа: Поројните дождови поплавија…

Поројните дождови поплавија десетици илјади шатори во…

Се проверува авион од Израел на аеродромот…

Авион од Израел слетал во Софија и…

Израелски хирурзи повторно дојдоа во Македонија за…

Израелските хирурзи од Шеба повторно во Македонија…