Официјално: Тројца уапсени за вчерашната престрелка и убиството во Тетово

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по крвавата престрелка во Тетово, во која вчера загина едно лице, а четворица беа повредени, денеска се приведени три лица. При претреси на повеќе локации во селото Гајре, тетовско, пронајдени се предмети кои се од интерес за истрагата.

„Во врска со вчерашната вооружена престрелка во Тетово, ве известуваме дека лишени од слобода се три лица. При претрес на повеќе локации во с.Гајре, тетовско пронајдени се предмети кои се од интерес на истрагата. Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на предмети и други лица кои биле инволвирани во престрелката.“, велат од МВР.

Потсетуваме, престрелката се случи вчера напладне на крстосница од улиците Илинденска и Благоја Тоска во Тетово, при што дојде до вооружена пресметка помеѓу лица од две возила. Едното возило беше „Форд Фиеста“ со одјавени тетовски регистарски таблички, сопственост на 19-годишник од село Гајре, а другото – „Фолксваген Голф“ во кое беше пронајдено починато лице со прострелни рани.

Четворица повредени беа пренесени во скопските клиники – 32-годишен маж со тешка прострелна рана во граден кош, 12-годишно дете со прострелна рана во ногата, 37-годишен пациент со прострелна рана во граден кош и 60-годишен маж со скршеница на потколеница. Девојчето и 60-годишниот тетовец биле минувачи кои случајно се нашле на местото на инцидентот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена тешко повредена во Тетово, паднала додека…

Денеска во СВР Тетово е пријавено дека…

Училиштата во Тетово повторно мета на лажни…

Лажни дојави за бомби повторно ги вознемирија…

Хаос во Тетово: насилник ѝ се заканувал…

Пресметка меѓу повеќе членови на две семејства…

Маж од Тетовско две години ѝ барал…

Маж од Тетовско две одини ја уценувал…

Му побарале уплата на шалтер, тој го…

Инцидент се случил во Клиничката болница во…