Охридскиот аеродром добива нов терминал и поголем капацитет за патници, реконструкцијата ќе заврши до крајот на летото

t

Привршува реконструкцијата на Охридскиот аеродром и очекувам до крај на летото да го завршиме. Ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот за нови авиолинии и за патници на аеродормот, кажа министерот за транспорт Алксандар Николоски, при денешната работна посета во Дебрца.

„Таму имаме четири проекти што се одвиваат паралелно. Прогресот е некаде помеѓу 80 и 90 проценти на секој од нив. Рокот што го зададовме за завршување е крајот на летото и мислам дека тој рок ќе биде постигнат.

Паралелно, од 15-ти август ќе почнат да работат надлежните институции, пред сè Агенцијата за цивилно воздухопловство, контролата на летање М-НАВ, Агенцијата за национална безбедност, Царината и Министерството за внатрешни работи, со цел аеродромот да е функционален и сите највисоки безбедносни стандарди да бидат постигнати.

Практично ќе добиеме еден нов аеродром, една нова, административна зграда, но и најважно нова терминална зграда, ново повеќе место за слетување и за полетување што ќе го зголеми капацитетот. Драго ми е што Охридскиот аеродром расте и во апсолутна бројка и процентуално според последните извештаи и тоа ќе продолжиме да го правиме во следниот период”, изјави Николоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…

Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…

Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…

Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…

АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…

Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…

Иран отвори прв воен камп за обука…

Иран го отвори својот прв воен камп…