Охридскиот аеродром доби имотен лист по повеќе од шест децении
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ е запишан во Катастарот на недвижности и доби имотен лист по повеќе од 60 години, со што официјално е завршен процесот на негово легализирање, соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Николоски посочи дека аеродромот кој функционира уште од 1970-тите години, досега немал регулиран имотно-правен статус, што претставувало долгогодишен проблем и пример за негрижа кон државниот капитал.
Тој рече дека во текот на изминатата година, тимови од Министерството за транспорт, АД „Аеродроми“, ТАВ, Агенцијата за катастар на недвижности, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други надлежни институции, интензивно работеле на решавање на овој процес и на впишување на аеродромот во катастарските евиденции.
Николоски потенцира дека иако во нормални услови ваква постапка не би била вест, поради долгогодишното запоставување, јавноста заслужува да биде информирана за овој значаен чекор.
Тој најави дека во наредниот период ќе следат активности за модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром, со цел зголемување на туристичкиот потенцијал и привлекување нови авиолинии и посетители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Тешка сообраќајна несреќа во Аеродром, тројца луѓе…
Во тешка сообраќајна несреќа во скопската населба…
(Видео) Жена влезе гола во фонтана во…
Необична сцена ги изненади минувачите во скопската…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Птица заглавена во моторот спречи авион да…
Повеќе од 150 патници синоќа останаа заглавени…
Приведен 28-годишен државјанин на Словенија – ја…
Полициски службеници од СВР Охрид на 26…