Охридските средношколци утре ќе им оддадат почит на загинатите во Кочани

t

Учениците од четирите охридски средни училишта утре ќе се приклучат кон маршот низ целата земја, кој се организира на повик на Сојузот на средношколци.

Според најавите, учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во 9:05 часот ќе се упатат кон улицата „7-ми Ноември“, од РЦСОО „Ванчо Питошески“ ќе се упатат кон Кејот „Македонија“, додека средношколците од ОСУ „Св. Климент Охридски“ ќе тргнат по улицата „Димитар Влахов“, за заедно со нивните колеги од СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ преку охридската чаршија да се упатат кон Градскиот плоштад, каде што ќе оддадат почит на жртвите во трагедијата во Кочани.

Како што беше најавено од Сојузот на средношколци, повикот за мирен марш е со цел да се оддаде почит на прерано згаснатите животи во Кочани.

Од ученичката заедница во Охрид во најавата за настанот се повикуваат учениците да се придржуваат кон предвидениот протокол, а маршот да не ескалира во протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Можете да ја одложувате правдата, но не…

Родителите на загинатите млади во пожарот во…

ХОРОР ВО КОЧАНИ: Малолетници малтретирале прваче, го…

МВР информира дека вчера попладне во 12:45…

По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“,…

Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“,…

Трагедија во кочанско, пронајдено тело на 17-годишно…

Тело на младо лице било пронајдено во…

Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…

Уредувањето и користењето на охридските плажи на…